Жена ти да ја, сестра ти да ја, во устата смрдена да ти ја … Ова е речникот на пратеникот и лидер на Лебица, Димитар Апасиев во собраниската сала. На денешната собраниска седница за пратенички прашања за малку не дојде до физичка пресметка помеѓу Апасиев, со пратениците од ВМРО-ДПМНЕ. За да спречи ескалација на вербалниот инцидент, претседателот на Собранието, Африм Гаши, повика обезбедување и прогласи 10-минутна пауза.
Пцовки, навреди, закани. Апасиев во обид да влезе во физичка пресметка. Неговите сопаријци се обидуваат да го смират додека тој со собраниските слушалки фрла кон пратениците на ВМРО-ДПМНЕ. Недолично, неетичко неморално однесување за народен избраник кој е платен со народни пари.
Инцидентот започна кога пратеникот Реџеп Исмаил од Левица постави пратеничко прашање до премиерот
Ситуацијата дополнително се вжешти кога Апасиев од своето место почна гласно да довикува и да замавнува со, најверојатно, Деловникот, насочувајќи го кон пратеници од ВМРО-ДПМНЕ кои се собраа околу местата на пратениците на Левица.
Христијан Мицкоски, иако тоа претходно не било најавено писмено, како што налага Деловникот. На ова процедурално реагираше Никола Мицевски, координатор на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, обвинувајќи дека се изигруваат правилата.
Ситуацијата дополнително се вжешти кога Апасиев од своето место почна гласно да довикува и да замавнува со документи, насочувајќи го кон пратеници од ВМРО-ДПМНЕ кои се собраа околу местата на пратениците на Левица.
Обезбедувањето реагираше навремено, а по паузата седницата продолжи без понатамошни инциденти.
Comments are closed for this post.