Шеесет и осумгодишната С. Д којашто вчера доцна попладне беше прегазена од автомобил има повреди на ‘рбетот поради што е хоспитализирана на одделението за ортоподеји при Клиничката болница во Штип.
Како што информира портпаролот на штипската болница, Марина Шуманска, здравствената состојба на жената е стабилна и таа е под лекарски надзор.
Жената беше прегазена од такси возило управувано од 63-годишен возач на еден од пешачките премини на кружниот тек кај „Стопанска банка“ во Штип.
Во рок од 13 дена, ова е втора несреќа на пешачки премин во Штип. Претходно, петнаесетгодишен средношколец почина откако беше прегазен на пешачки премин.
Comments are closed for this post.