Стан во Скопје опремен со техничка опрема функционирал како нелегален мобилен оператор преку кој се одвивал меѓународен мобилен сообраќај на црно, информираат од МВР.

Пријавениот ја инсталирал опремата на почетокот на август и почнал да краде импулси од реализиран телефонски сообраќај. На тој начин се стекнал со противправна имотна корист од 1.343.401 денари.

Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика при МВР до ОЈО Скопје, поднесе кривична пријава против С.Н.(28) од Скопје за кривичнoто делo „компјутерска измама“, казниво по член 251-б став 1 во врска со став 2 и став 6 од Кривичниот законик на Република Македонија.

Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика на 8 ноември извршил претрес во домот на пријавениот. Во станот била пронајдена поставена активна „сим бокс“ телекомуникациска опрема, се вели во соопштението на МВР.