Наместо да се обидуваат преку нелогични барања да дојдат до амнестија за Никола Груевски, Христијан Мицкоски и раководството на ВМРО-ДПМНЕ треба едноставно да кажат дали се за ЕУ и НАТО или не, порача денеска ппратеникот од СДСМ, Мухамед Зеќири.

Тој го повтори партискиот став дека над 600.000 граѓани јасно се определиле за иднина во ЕУ и НАТО преку прифаќање на Договорот со Грција.

Сите пратеници, вклучително и оние на ВМРО ДПМНМЕ се должни да ја следат мнозинската волјата на граѓаните.Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ кои се за НАТО и ЕУ да преземат одговорност во име на граѓаните кои ги избрале и да ги продолжат процесите во Собранието, истакна Зеќири.

Затворањето на патот кон ЕУ и НАТО,појасни Зеќири,  значи затворање на пристапот до европските фондови, намалена финансиска поддршка, намален обем на инвестиции и работни места. Затоа е важно да продолжи процесот на интеграција на Македонија во ЕУ и НАТО

Но, ако Мицкоски и раководството на ВМРО-ДПМНЕ, продолжат со измислувањето нови нелогични барања, фокусирани единствено на амнестија, тоа ќе биде јасен знак дека сакаат да го блокираат патот на Македонија кон ЕУ и НАТО и да ја вратат земјата во изолација, рече пратеникот.

Тогаш потенцираше тој , единствен начин се предвремени избори кои мора да бидат организирани веднаш за доброто на државата.