Здружението на информатичари реагира: Со новиот концепт се оди неколку чекори наназад и се брише и тоа што претходно е постигнато

20.01.2021 / 10:25


Здружението на информатичари на Македонија (ЗИМ), кое во јавноста во последните години е препознато најмногу преку освоените медали постигнати со учениците на врвните интернационални натпревари по информатика, денес испрати писмо со реакција до МОН за новопредложената концепција на основно образование.

Во писмото на почеток се нотира дека темите од информатика (информатичко размислување, програмирање, дигитална писменост) моментално се застапени уште во трето одделение во наставните програми и дека оваа застапеност е од 2015. година, што Македонија ја смести во првите земји кои го имплементираа ова во нивните наставни планови и програми. Ваквиот чекор во следните неколку години беше следен од голем број развиени земји, како САД, членките на ЕУ, Обединетото кралство, кои во истиот период пристапија кон воведување на овие содржини.

Главната критика е дека со новиот концепт кој што е изложен, наместо да се оди во насока на зајакнување на условите за реализација на воведените информатички содржини (преку обуки на наставниците, набавка на соодветен хардвер и софтвер, изнаоѓање на креативни решенија за задржување на информатичарите во образованието) се оди неколку чекори наназад и се брише и тоа што претходно е постигнато. Исто така, насловот на предметот „Техника, технологија и информатика“ спојува многу различни, во делови и несродни области, и е неразбирливо вклучен во таканаречена група Б задолжителни предмети, без да се земе предвид дека информатиката е дел од STEM образованието, се наведува во соопштението на ЗИМ.

Според ЗИМ, треба да се препознае потребата на учениците да им се даде добра основа уште од најмала возраст за да тие бидат способни да ја изберат информатиката како нивна идна професија. Тоа овозможува земјата да има голем и профитабилен информатички сектор, кој не само што згрижува значаен дел од работната сила, туку за нив обезбедува високи примања, за државата овозможува раст и зголемен извоз, како и висок приход во пензискиот систем.

На крај, од ЗИМ апелираат, како што усвојувањето на јазикот е задача на наставниците по јазик (мајчин или странски), како што усвојувањето на математиката е задача на наставниците по математика, така и темите од информатичката наука и информатичката писменост да бидат задача на стручни кадри, наставници по информатика.

Со брзиот развој на информатиката, наставниците по информатика треба да бидат значајна поддршка и на одделенските наставници во реализација на темите од информатика во пониските одделенија. Тие се противат на укинувањето на претходно воведените теми од информатика во раната возраст, апелираат да се направат напори информатиката да се изучува во континуитет од трето до деветто одделение, со особена промоција на името на предметот, како би се дал фокус и би се заинтересирале што повеќе ученици да ја изберат информатиката како нивна идна професија.


Pressingtv.mk - содржините се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Comments are closed for this post.

Македонија

Mицкоски го покани Радев да ја посети Македонија

пред 4 часа
Македонија

Филипче: ВМРО изгуби над 150.000 гласови, затоа се обидуваат да го делат СДСМ

пред 9 часа
Македонија

Титулата се врати во „Јане Сандански“ (ФОТО)

пред 21 час
Македонија

Николоски се обрати на панел на тема демографски предизвици

пред 23 часа
Македонија

Донесен Законот за советот на јавни обвинители, дел од реформската агенда

пред 1 ден
Македонија

Бихаќка: Граѓаните бараат внесување на Бугарите во Уставот, а Мицкоски ги активира Шилегов и Деспотовски да го растураат СДСМ

пред 1 ден
Македонија

Kој влезе во Грција треба да части, како во деведесеттите години (ВИДЕО)

пред 1 ден
Македонија

Ахмети е спремен за предвремени избори (ВИДЕО)

пред 2 дена
Македонија

„5 минути со Чавез“: Шеикот Ал-Венко ибн Филипчех од Петрич, Бугарија

пред 2 дена
Македонија

Денеска е Ѓурѓовден, за многу години празникот

пред 2 дена
jojobet girişhacklinkJojobet GirişBetcioivermectin tabletPokerklasPusulabetmeritbetCasibom GirişmeritbetholiganbetTophillbetmarsbahis girişcasibomJojobet GirişcasibomCasibom GirişMarsbahis GirişJojobet GirişHoliganbetMarsbahis