Ова е охрабрување за новото време кое доаѓа за државата и за иднината што неа ја чека,рече евроамбасадорот Самуел Жбогор кој денеска им го врачи Извештајот од ЕК на Заев, Пендаровски и Џафери.
„Северна Македонија е уникатна земја на западниот Балкан. Собранието е единсвениот парламент во овој регион каде што опозицијата и власта седат заедно внатре и дискутираат заедно за законите кои треба да ја подобрат државата. Северна Македонија нема проблеми со соседите, има развени одлични добрососедски односи, и не само со соедите, туку и со другите земји. Што се однесува до извештајот, препораката е јасна и сите услови кои беа постовени во јуни 2018 година, се исполнети, и сега на ред е добивање на датум на преговори“, изјави Жбогар.
Според Жбогар државата е подготвена токму сега да ги започне преговорите.
„Секако работата не треба тука да престане, реформите треба да продолжат и очекувам ентузијазмот да продолжи и во иднината“, потенцира Жбогар.
Comments are closed for this post.