Евроамбасадорот Самуел Жбогар преку својот твитер профил ја најави помошта од ЕУ за Северна Македонија за справување со коронавирусот.
– Сите сме заедно во борбата против злобниот вирус. Во ова време на потреба, ЕУ ќе ја поддржи Македонија до 4 милиони евра за итни потреби, 50 милиони за социјално и економско закрепнување, 9 милиони за приватниот сектор и до 3 милиони евра директна буџетска поддршка, напиша евроамбасадорот Жбогар.
Тој ја поздрави и одлуката на ЕУ за старт на пристапните преговори со земјава. – Горд сум што и во овие тешки времиња, земјите членки на ЕУ ги признаа напорите на Северна Макеоднија и решија да започнат преговорите за пристапување. Започна нашето заедничко патување. #idninazaedno #napredzaedno #EUsoTebe #EUwithU, порачува евроамбасадорот Самуел Жбогар
Comments are closed for this post.