Во Собранието вечерва започна лидерската средба меѓу премиерот Зоран Заев и претседателот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски. Лидерите на двете најголеми политички партии пред средбата не дадоа изјави за медиумите, односно и информираа дека изјави за новинарите ќе дадат по завршувањето на средбата.
Покрај Заев и Мицковски, на средбата се присутни и министерката за правда Рената Дескоска и претставниците на работните групи од СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ.
Лидерската средба доаѓа по пауза од неколку месеци, а нивната последна средба се случи пред претседатеските избори.
Оттогаш се случија многу работи па затоа се отвори потреба од лидерска средба. Според најавите главна тема треба да биде Законот за јавно обвинителство за кој веќе неколку месеци се водат разговори меѓу власта и опозицијата а со тоа и идиниот статус на СЈО.
Comments are closed for this post.