Полицијата во Дебар приведе четири лица, еден македонски и тројца албански државјани, поради тоа што кај нив пронашла 20 килограми марихуана.
Дрогата била спакувана во две торби во автомобил „Фолксваген Поло“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од Д.А.(45) од Тетово. Д.А. е приведен во Полициската станица Дебар.
Во врска со овој случај на граничниот премин „Блато“ бил приведен K.Х.(41) од Албанија, додека на граничниот премин „Ќафасан“ биле приведени И.Е.(33) и Ц.Г.(31), исто така албански државјани.
Овие три лица биле предадени и задржани во Полициската станица Дебар.
По целосно документирање на случајот против лицата ќе биде поднесена соодветна пријава.
Comments are closed for this post.