Изјавата на претседателот на Северна Македонија, Стево Пендаровски, за Гоце Делчев до пред неколку години беше незамислива, изјави министерката за надворешни работи Екатерина Захариева, пренесуваат бугарските медиуми.
Меѓутоа, според неа, следни чекори се заедничката мошовита комисија да се согласи на заеднички текст, што ќе се базира на заедничките чествувања, и најмногу – за промена на македонските учебници.
Има уште многу да се работи во однос на градењето целосна доверба. Додека продолжуваат во нивните учебници да има искривување на вистината за заедничката историја, од време на време ќе се појавуваат вакви тензии. Важно е што ние водиме дијалог и начинот да се решат тие тензии е да ја кажеме вистината, изјави Захариева.
Comments are closed for this post.