Четвртина од предвремените  смртни случаеви  и болести ширум  светот се поврзани со загадувањето и загадувањето  на животната средина предизвикани од човекот, предупреди денеска  Обединетите нации  во Извештајот  за состојбата на планетата.

Емисиите на стакленички гасови се одговорни за загадувањето на воздухот, хемикалиите кои ја загадуваат водата за пиење и забрзано го уништуваат  екосистемот потребен  за опстанок на милијарди луѓе.

Во извештајот за животната средина во светот ( Global Environment Outlook,GEO), на  кој  работеа  250 научници од 70 земји за шест години, исто така се укажува на растечкиот јаз меѓу богатите и сиромашните земји.

Како се зголемуваат емисиите на стакленички гасови, климатските нарушувања можат да го отежнат животот за милијарди луѓе.  Извештајот  објавен денес користи стотици извори на податоци за да се пресмета влијанието на загадувањето  од околу 100 болести.

Еколошки услови се одговорни за околу 25% од смртните случаи и болестите ширум светот, според еден текст во кој се вели дека околу девет милиони луѓе починале од загадување на животната средина во 2015 година.
Исто така, се проценува дека загадувањето на воздухот предизвикува помеѓу шест и седум милиони прерани смртни случаи секоја година.
“Потребна е итна и сеопфатна акција за да се спречи оваа ситуација и да се поврати”, се вели во резимето на извештајот.
Извештајот е  објавен за време на Генералното собрание на Програмата за животна средина на Обединетите нации (УНЕП) во Најроби. Таа треба да поттикне дебата за прашањето на одговорност за штетата направена на Земјата.