Посебна порака испрати премиерот Зоран Заев до најверојатно идниот премиер на Грција, Киријакос Мицотакис.
Во интервју за „Франкфуртер алгемајне цајтунг“ (ФАЗ), пред најавената средба со германската канцеларка Ангела Меркел, македонскиот премиер му порача на Мицотакис дека не е во ничиј интерес повторно да се отвораат решени прашања. Конкретно Заев мисли на Преспанскиот договор и новото име на Македонија со додавката „Северна“.
Грците самите си избираат влада, но решението за името е поврзано со многу придобивки за двете земји и тие се важечки без разлика кој е на власт“, вели Заев.
Тој притоа додава дека ни кај нас ни во Атина нема политичари кои би отворале решени прашања и оти токму тоа го рекол и Мицотакис јавно.
Некои делови од договорот со Грција се уште треба да се спроведат, како прашањето со пасошите и други документи со новото име и ревизијата на учебниците по историја. Ова во кое било време може да доведе до компликации во преговорите за членство“, смета Заев.
Зарем името го дадовме за џабе?!
Новинарот Михаел Мартенс го потсетува Заев дека пред една година во Собранието рекол оти земјата ова лето ќе почне преговори за членство.
* Ако тоа не се случи, што тоа ќе значи за вашата Влада?
Ништо добро. Најверојатно ќе го загубиме парламентарното мнозинство. Со цел да обезбедиме спроведување на амандманите за промена на името на државата, јас дадов ветувања и обврски пред моите пратеници кои се засноваа на ветувањата од ЕУ. Тие мои ветувања пратениците ги испратија до избирачите и ги поддржаа нашите политики.
* Значи, вие сте пред нови избори?
Токму така. И тие би можеле да ги зајакнат радикалните националистички сили. Ставете се во наша позиција: нашите граѓани дури се согласија да го сменат историското име на државата, и оти тоа било залудно?.
Како побегна Груевски?
На прашањето на новинарот на ФАЗ зошто по пресудата од две години затвор за Никола Груевски, која беше донесена во петок, бившиот премиер не бил спроведен во затвор, Заев вели дека според македонската пракса криминалците не се спроведуваат во затвор за викенди, па тоа било оставено за понеделник. Но, тој изнесе и детали како Груевски избегал.
* Ние го следевме, но според нашите закони тоа можеме да го правиме само кога тој се движи на јавни места. Не во приватните соби. Но, тој некако успеа да избега..
* Ние сега знаеме како. Со лифтот се симнал во подрумот и потоа се сокрил во гепекот на автомобилот со кој излегол од земјата. Во Албанија, каде го чекало дипломатско возило на Унгарија, обелодени Заев.
Comments are closed for this post.