Премиерот Зоран Заев во гостување на „1ТВ“ говорејќи за  бизнисите на својот брат нагласи дека го советувал да не се пријавува за проекти од јавни фондови.

Во однос на тужбата што Вице ја има кон потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николовски, премиерот вели дека не знаел дека брат му тужи.

Немав појма искрено да ви кажам. Но внатре има обвинување за местенки, за влијание за криминал. Има душа повредена. Ми објаснува човек терај си ја својата политика, јас ќе тужам – објасни премиерот.

 

Тужбата на Вице Заев кон Николовски се однесува дека тој станал главен економски фактор во државата.