Ненамерна грешка и пропуст, вака премиерот Зоран Заев денеска го оцени интонирањето на македонската химна од страна на Тамара Тодевска на синоќешната прослава на Денот на незавинсоста во Американската амбасада во Скопје.
Како што изјави Заев, Тамара веќе се извинила на Фејсбук а тоа го направи и Амбасадата на САД како организатор на настанот.
Се случуваат пропусти. Секако, нашата химна се пее секој ден, насекаде. Апсолутно, тоа само потврдува дека се работи за ненамарна грешка и пропуст за кој се извинија самите организатори, но и изведувачот, изјави Заев
Comments are closed for this post.