Демократијата можеме да ја унапредуваме само ако сме гласни и ако ги штитиме слободата на говорот и слободата на медиумите.

Како човек и како политичар најостро осудувам какви било закани упатени до граѓани или новинари, и се борам против сите обиди на загрозување на нивниот интегритет.

Слободата на говор и на изразување се неприкосновени и нема да дозволам на кој било начин да биде загрозено ова елементарно и загарантирано право.

Како премиер на отворена, транспарентна и демократска влада укажувам на важноста медиумите да работат ослободени од притисоци, професионално и пред сè, за граѓаните и во интерес на владеењето на правото и демократијата.

Ова е ставот на премиерот Зоран Заев по информациите изнесени од новинарот Бранко Геровски дека трпи закани од лица кои на Фејсбук се претставува дека е дел од обезбедувањето на СДСМ.