Денеска во Основниот суд во Куманово повторно имаше судски процес за случајот со четиригодишниот Алмир. На обвинетиот Бобан Илиќ повторно му беше досудена затворска казна од 6 години. Ова е втора пресуда бидејќи Апелација претходно го врати случајот на повторно судење. Но, казната затвор која ја одреди кумановскиот суд и сега е иста.

Убиството на Алмир Алиу се случи на 25 јуни 2016 година во Куманово како резултат на претходна тепачка помеѓу родителот на Алмир, Седат Алиу и Бобан Илиќ заедно со неговиот брат Бојан Илиќ.