Сите замешани во случајот кои прекршиле закон да си одговараат со соодветни казни, во транспарентна правосудна постапка. Одговорност мора да има и за осмислувачите и за сите оние кои прават сѐ да се спасат и при тоа се претставуваат како жртви.Ова го вели премиерот Зоран Заев за случајот „Рекет“ во интервју за МИА.

Тој жали ако од некого сум бил погрешно разбран или протолкуван, но оти останува на неговите определби з како и на вербата во вредностите за кои отсекогаш  се борел.

Нема да дозволиме на непријателите на нашата земја да им успее планот преку користење на криминалци, манипулатори и измамници да го спречат успехот на земјава, членството НАТО и почетокот на преговорите со ЕУ.

Во однос на случајот „Рекет”, смета дека секој граѓанин, без разлика дали е политичар или новинар, има обврска кон правната држава и кон јавниот интерес сите индиции и информации за злоупотреби да ги пријави во истражните органи, како што тоа тој прв го направив.

Примарна цел во расветлувањето на случајот „Рекет” мора да биде јавниот, а не личниот интерес. Како што јавно, без предрасуди верувам и се залагам за праведно општество, исто така го почитувам и сопственото право со термини и речник што го користи секој наш граѓанин да посочам на поединци или појави што се негативни во општеството.

Зборувам за карактери на луѓе и нивно однесување. И како што од дно на душата ги почитувам и промовирам суштинските вредности на новинарската професија, а тоа се целосната слобода на говор, изразување и критика, така имам полно право да дадам и карактеристика дали некој суетно или со други намери креира впечаток во јавноста.

 

На прашањето кога очекува разврска за „Рекет“, Заев вели дека одговорност мора да има

Барам и очекувам темелна, многу прецизна, брза и независна истрага, која мора да заврши што е можно поскоро и мора да ги покаже сите детали. Резултатот од истрагата мора да донесе преземање одговорност, исклучиво согласно докази и согласно словото на правото.

Потсетувам дека прв го пријавив случајот, и во тоа својство, и како граѓанин и како премиер имам целосно право да барам сите замешани во случајот кои прекршиле закон да си одговараат со соодветни казни, во транспарентна правосудна постапка. Одговорност мора да има и за осмислувачите и за сите оние кои прават сѐ да се спасат и при тоа се претставуваат како жртви