Зоран Заев, денеска одговарајќи на новинарско прашање за Индексот за корупција на Транспаренси интернешенел, рече дека падовите во делот на корупцијата се однесуваат на периодот од 2006 до 2017 година.
Ако аналитички ја гледате структурата на извештајот тој е правен по пет параметри, во два параметри имаме сериозен успех, во два параметри немаат коментари за нас. Петтиот параметар каде што има негативен коментар за нас од 2017 година, можете да видите дека сето тоа што се падови во делот на корупцијата или развојот во делот на транспарентноста и корупцијата во државата се случувало во еден период од 2006 година се до 2017 година, таму е одбележано со коефициенти и потоа самите коефициенти почнуваат да се враќаат на позитивно ниво, рече Заев.
Посочи оти тоа е показател дека успешните политики даваат резултат, но треба уште многу да работиме како држава и како општество.
Владата преку соопштение вчера реагираше на Индексот за перцепција на корупцијата на Транспаренси интернешнал (ТИ), според кој годинава Македонија бележи пад од 13 места. Годинава земјата е рангирана на 106, а лани била на 93-то место.
Во соопштението од Владата се наведува дека за бескомпромисна борба против корупцијата ја подигнале отчетноста и транспарентноста на институции на извршната власт, но дека е потребно и независно, транспарентно и отчетно судство и обвинителство, со непартизирана антикорупциска комисија.
Од Владата наведуваат неколку активности што презеле за таа цел, како измени на Законот со кои на се зголемуваат надлежностите на Државната комисија за спречување на корупцијата, потоа усвоена е Стратегијата за транспарентност на Владата, лансиран е порталот „Отворени финансии” со кој на увид на јавноста ги става сите минати, сегашни и идни финансиски трансакции, на буџетските корисници од Буџетот.
Comments are closed for this post.