Премиерот Зоран Заев прашан да го искоментира новиот притвор на Миле Јанакиески рече дека тој е против определување на оваа мерка и оти како родител сочуствува но оти не смее да се меша во судските одлуки бидејќи тоа ќе се смета за влијание.

Отворено апелирам притворот да се користи како крајна мерка.Така е предвидено и во нашиот закон.Праксата е многу лоша, знаеме од кога и од кого е почната.Жалам што се користи притворот, затоа што постојат други механизми за обезбедување на осомничено или обвинето лице-рече премиерот.