Премиерот Зоран Заев денеска објасни дека кога има комуникација со лидерите тоа најчесто го прави на фиксен телефон и на „Ватсап“. Разговорот со руските комичари кои се претставуваат како Порошенко и Столтенберг го правел на фиксен телефон во Владата.

Со премиерот Ципрас пак додека траеле преговорите за името најчесто разговарал преку мрежата „Ватсап“.

Сепак Заев признава дека можеби е грешка што не побрал да имаат комуникација со камера со што би открил дека станува збор за измама.