Не постигнаа договор за датум за избори лидерите Христијан Мицкоски и Зоран Заев кои имаа средба кај претседателот Пендаровски.
Од ВМРО-ДПМНЕ брифираат дека партијата се држи до своите принципи за заѓтита на здравјето на граѓаните, со оглед на растечката тенденција на ковид заразата.
Освен гаранции за заштита на здравјето на граѓаните, како што дознаваме, Мицкоски на средбата ја посочил потребата за кредибилен изборен процес при што потребен е и увид во избирачкиот список, како и кредибилна набљудувачка мисија на ОБСЕ/ОДИХР.
Сепак за очекување е комунацијата меѓу двајацата лидери да продолжи и за време на викендот
Comments are closed for this post.