Владиката Петар проговори за односот на Македонската православна црква од страна на Бугарската црква. Тој вели дека БПЦ не го исполнила своето ветување под кое нашата црква би се согласила БПЦ да биде наша црква-мајка.

Нашиот став  беше дека ако бугарската црква ги исполни нашите услови тогаш ние можеме да признаме дека бугарската црква се грижи како црква-мајка. Тие услови беа бугарската црква нас да не признае јавно дека сме автокефална црква и да не престави пред сите помесни цркви. Но тие услови не беа исполнети од страна на бугарската црква-вели Владиката во емисијата „Што не е јасно“.