Сега имаме убава можност да затвориме одредени прашања. Нашите амандмани ќе бидат за преамбулата и употребата на албанскиот јазик“, кажа градоначалникот на Гостивар Арбен Таравари.
„Албанскиот јазик да не биде поинаков од македонскиот, со процентите, односно повторно во духот на Рамковниот договор. И во Преамбулата да стои и Рамковниот договор. Минирање на процесот е амнестија, а не нашите барања. Не е табу да збориме дека албанскиот јазик да биде уставна категорија. Ќе се обидеме и пратениците на СДСМ и ДУИ. Ние нема да условуваме, туку ќе се убедиме во Парламентот да ги убедиме пратениците. Ние никогаш не сме условувале. Мислиме дека ова е моментот кога можеме да ги убедиме пратениците да ги направат овие промени. И Заев во 2016 година вети дека албанскиот јазик ќе биде уставна категорија и доби повеќе албански гласови од нас. Мислам дека и кај СДСМ и кај ДУИ има добра волја да ги прифатат нашите амандмани“, рече Таравари.
„Апсолутно не го минираме Преспанскиот договор. Минирање претставува амнестија за настаните од 27 април“.Не условуваме со гласовите на нашите пратеници за поддршка на Преспанскиот договор, јасен е градоначалникот.
Comments are closed for this post.