На состанокот на Извршниот одбор на СДСМ  вечерва се очекува да биде донесена одлука во врска со евентуалното одржување предвремени парламентарни избори заедно со претседателските.  Пред почетокот на седницата на Извршниот одбор премиерот Зоран Заев рече дека направиле анализи, истражувања и консултации со меѓународната заедница, меѓутоа не сака да влијае пред одлуката на Извршниот одбор.

-Одлуката за избори ќе биде во интерес на државата, рече Заев.

За консензуален кандидат, премиерот рече дека негов предлог е да влезат во консултации со сите партии не само коалициски туку и со опозициски, вонпарламентарни и да се обидат да успеат бидејќи концептот е едно општество за сите.

За променатана името на државата од вечерва, Заев изјави дека новиот Устав треба да се почитува и да се покаже дека земјата ги извршува обврските од Договорот. Пасошите добиваат печат на Северна Македонија, а регистрациите бесплатно ќе бидат сменети во НМК.

Пред доаѓањето на претседателот Зоран Зааев , на Извршниот одбор пристигнуваа и други членови на СДСМ, меѓу кои и градоначалникот на Скопје Петре Шилегов.