Премиерот Зоран Заев на денешната прес конференција истакна оти навистина верувал дека претседателот на Украина Порошенко му го бара бројот од американскиот помошник државен секретар Вес Мичел Мичел и затоа му го издиктирал.

Нормално се бара од мене да дадам телефонски број на некој што е задолжен за Југоисточна Европа на некој што јас искрено верувам дека е претседателот на Украина и го давам телефонот.Не верувам дека одавам државна тајна – објасни Заев.