Заев: Вашата одлука ќе ја испрати ФИРОМ во историјата, Вељаноски:Нема да учествуваме во менување на Уставот

10.10.2018 / 13:48


Премиерот Зоран Заев, кој го образложи предлогот на Владата, истакна дека од досегашниот увид и реакциите на јавноста нема ништо спорно во предлогот за уставни измени, што по одлуката на Владата веднаш беше објавен, повикувајќи ги пратениците да се обединат околу стратешките цели на земјата. За стручната и експертска јавност, оцени тој, измените се согласно меѓународните стандарди.

Оваа иницијатива се покренува во согласност со законите и институционалните постапки, рече Заев кој потенцираше дека пратениците се тие кои треба да ја одредат иднината на граѓаните кон НАТО и ЕУ и дека треба да се изјаснат по своја волја. Сега е време сите што се за НАТО и ЕУ да ги поддржат измените обранието е институцијата која треба да донесе одлука следејќи го интересот на граѓаните. Пратениците да донесат одлука по сопствено убедеување и без притисок од никого. Вашата одлука ќе ја спрати ФИРОМ во историјата, им порача Заев на пратениците.

Интеграцијата не може да биде попречена од закана, обид за поткуп или што било, рече премиерот Заев.

Во Договорот нема ништо спорно согласно меѓународното право.Сите пратеници без разлика на која партија и припиаѓаат имаат одговорност да и обезбедат на Република Македонија стабилност, безбедност и приоритет, рече Заев пред пратениците.

Нема да учествуваме во менување на Уставот, немате двотретинско мнозинство – му порача експретседателот на Собранието, Трајко Велјаноски на премиерот  Заев и ја напушти салата на Комисијата за уставни прашања.Тој рече дека тесен владин круг брзал да склучи штетен договор со Грција без да ги вклучи опозицијата и експертите.

Тој додаде дека граѓаните на референдумот го отфрлиле договорот.

Се случи 30 септември кога со пасивност и неизлагање народот ја победи пропагандата на власта. Тоа е имепратив, задолжителна обврска за Собранието и за сите. Немаме мандат да ја менуваме одлуката на народот. Немаме намера да учествуваме во обидот за менување на Уставот. Слободно продолжете во благопријатна атмосфера ако сакате, ама да знаете дека немате двотретинско мнозинство за менување на Уставот- рече Вељаноски.

Пред дискусијата пратениците од ВМРО-ДПМНЕ гласаа „протива“ дневниот ред на седницата.

 

 


Pressingtv.mk - содржините се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Comments are closed for this post.

Македонија

Марта Кос ни го спореди идентитетот со тавче-гравче, полнети пиперки и пинџур

пред 11 часа
Македонија

Mицкоски: Предводиме на патот на реформите, кои значат од подобро владеење и почиста енергија, пофер правда и силни бизниси

пред 13 часа
Македонија

Потребни сме на семејство од Кочани! Да донираме уште денеска!

пред 16 часа
Македонија

Крешник Бектеши на притворско кафе во Старата чаршија (ФОТО)

пред 17 часа
Македонија

Костовски: Напредокот на општините ќе беше мисловна именка без унгарскиот кредит

пред 17 часа
Македонија

Вака изгледа патувањето по новиот пат Дреново-Фариш (ФОТО)

пред 17 часа
Македонија

Лидерите на Западниот Балкан на средба во Скопје, планот за раст главна тема

пред 17 часа
Македонија

Туфегџиќ: Ќе се бара одговорност од јавните обвинители за обвинението на таткото на Вања

пред 1 ден
Македонија

Мицкоски ги пречека лидерите од регионот (ФОТО)

пред 1 ден
Македонија

Филипче: Спроведување на електронски попис ќе биде предизвик

пред 1 ден