Премиерот Зоран Заев на својот Фејсбук профил ја поздрави реализацијата на прекуграничен проект кој вклучува реконструкција на старо училиште во Пустец во туристички музеј и реконструкција на инфраструктурата во археолошкиот локалитет Хераклеа во Битола.

Убаво е чувството кога со европски фондови се реализираат ветувањата дадени на Македонците од Пустец. Заштитата на културното наследство е важно за сите Македонци и сите наши граѓани, каде и да сме. Им благодарам на мојот пријател Еди Рама, на албанската Влада, на Општина Пустец и Општина Битола, на Завод и музеј Битола, на регионалниот директорат за култура од Корча, на Младинскиот културен центар од Битола и на Европската Унија што со прекуграничен проект обезбедуваат реконструкција на старото училиште во село Глобочани, Пустец и неговата трансформација во туристички музеј, напиша утрово Заев на Фејсбук.