Прво е многу значајно да се истакне дека Ремдесивир не е лек кој може да се дава во домашни услови. Се дава интра-венски и неопходно е следење на пациентот за време на неговото аплицирање.  Ремдесивир е достапен на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби- Скопје, се дава кај пациенти каде е поставена индикација за негова примена и според дадените услови од протоколот за рандомизација ги исполнувале критериумите за спроведување на третманот, кажа директорката на Инфективната клиника, Милена Стевановиќ во интервју за Слободен Печат.

Но, таа истакна дека овој лек не се применува кај секој пациент заразен со коронавирус.

Терапијата со Ремдесивир, не е применлива кај секој пациент болен од КОВИД-19.  Таа се спроведува кај секој еден пациент кој во однос на клиничката симптоматологија, временскиот период од развој на болеста, лабораториско биохемиските анализи, како и проценката на имунолошкиот одговор на пациентот, би бил оценет, од страна на доктор специјалист, дека би можел да ги исполнува критериумите за да биде рандомизиран за овој третман. Во однос на проценката која ќе ја направи докторот за одреден пациент, најнапред се издава информирана согласност за лекот до самиот пациент ( затоа што секој еден лек кој не е специфициран за одредена болест, ја бара и согласноста на пациентот), следна фаза- доколку се добие одобрение од пациентот дека се согласува за примена на терапијата ( по претходно информирање на истиот од страна на мединцинско лице за сите бенефити и можни последици од третманот) докторот акумилира соодветни информации кои се бараат по протколот за рандомизација на пациенти. По добиен одговор , доколку истиот е позитивен- односно доколку пациентот ги исполнува критериумите за третман, истиот се спроведува.  Исто така се селектираат и низа коморбидности кои доколку ги има пациентот во корелација со фармаколошките третмани за истите би можеле да не дозволуваат терапијата да биде спроведена, всушност од низа фармаколошки интерации меѓу лековите кои би настанале, како преезистирачки заболувања кои се наведени, а кои би можеле да бидат контраиндикација за користење на третамот.

Ремдесивир, како и секој друг лек може да има несакани ефекти, најчесто се благи и траат само неколку дена. Најчесто се тоа гастроинтестинални тегоби (губиток на апетит, гадење и повраќање, течна столица или опстипација) или општи тегоби (тремор, чешање, главоболка, вртоглавица). Но некои пациенти можат да имаат и сериозни несакани ефекти кои покажуваат промени во крвната слика, во параметрите на бубрегот и црниот дроб. Постојат и преезистирачки заболувања кај одредни пациенти кај кои постои контраиндикација или постои ризик од употребата на овој лек како на пример- пациенти со заболувања на црниот дроб, заболувања на бубрезите и др. Исто така понекогаш неврзано за основното заболување кое го има пациентот но зависно од терапијата која ја зема за одредена болест, важно е да се отрфрлат можните интеракции меѓу лековите – кажа Стевановиќ и додадек дека за да се даде оценка за успешноста на овој лек е потребен подолг временски период:

За да се дискутира дали нешто е поскапо или поефтино важно е со што и со кој лек, ќе се прави компарацијата. Како и секој еден специфичен лек кој се ординира цената е очекувано да е повисока во однос на сите лекови кои се ординираат почесто на пазарот. Во однос на ефектите кои се постигнати, како што наведов и претходно имајќи ги предвид времето на појава на лекот за достапност на употреба во државата, бројот на пациенти кои биле изминатиов период поставени на терапија со Ремдесивир е задоволителен, како и одговорот од третманот со иститот. Дел од нив се веќе испишани како здрави, до сега нема забележани несакани реакции од терапијата со истиот. За да се даде генерален заклучок од успешноста во делотворноста на Ремдесивирот кај Ковид-19 пациенти, потрбен е подолг временски период и поголем број на пациенти каде истиот ќе биде спроведуван. Уште еднаш, мора да напоменам дека Ремдисивир не се зема во домашни услови, се прима интра венски, а целото врметраење на терапијата,  неопходно е пациентот да биде следен од лекар – заклучи директорката на инфективната клиника.