Не му се лутам на Црвенковски за реакцијата, напротив тој треба да биде активен, рече премиерот Зоран Заев во гостување на радио емисијата „Стадион“ на Канал 77.

-Тоа знаење кое е втемелено како и кај сите други политичари може да придонесат многу. Во ЕУ земјите како и во нашиот регион има такви претседатели, кои се уште се активни. За мене тоа е коректив на политиките, потенцираше Заев.

Во однос на писмото, кое поранешниот претседател на СДСМ и претседател на државата, Бранко Црвеновски, Заев вели дека не му се лути.

-Таман работа ако му се лутам, рече Заев.

Запрашан за партијата и дали стравува од смена од чело на партијата тој истакна:

-Тие се мои партиски другари, кои сега не се дел од раководството. Но, јас ги почитувам и тоа е демократско право. Ние имаме избори во април за претседател во партијата. Тука може секој да излезе и да понуди свои понуди. Ако некој смета дека Заев треба да биде променет, бујрумте во април, рече Заев