Провидна е играта на премиерот Зоран Заев со барањето да се гласа доверба на владата. Веќе на сите им е јасно дека Владата пука по сите шавови, тенкото парламентарно мнозинство се рони.

Затоа ПР тимот на Заев му смислува „генијален“ потег за да добие уште неколку месеци власт а тоа е да бара гласање за доверба на владата. Законски ова е можно, но мотивите се далеку подблабоки. Заев веќе ги има дисциплинирано непослушните или пак ги има „купено“ со некое директорско или советничко место.

Непослушни засега се ЛДП и Павле Трајанов но со нив и онака е лесно. За „немирните“ од на ДУИ задолжени се Али Ахмети и Артан Груби.

Згора на тоа, Заев сака да го искористи отсуството на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски кој е позитивен на корона и кој секојдневно го окрупнуваше опозицискиот блок против Заев.

Во ваква ситуација , Заев сака да го искристи членот 217 од Деловникот според кој доколку премирот самиот побара гласање на доверба на владата да нема три дена расправа туку веднаш да се прејде на гласање.

Заев можеби и ќе успее да си обезбеди уште некој месец власт, но на сите им е јасно дека рокот на употреба на оваа власт одамна е истечен.