Премиерот Зоран Заев на денешната заедничка прес-конференција со еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји рече дека сите планови на државата за инвестирање се прифатени во економскиот пакет од 9 милијарди евра што го одобри Европската комисија за Западен Балкан.

Станува збор за инвестиции во автопатишта, железница, гасни станици, обновливи извори на енергија, прочистителна станица на Град Скопје, поддршка на домапните компании. Унавината на овој пакет е што еврокомесарот со неговиот тим ги вгради сите тие наши планови во економскиот пакет за Западен Балкан“, рече Заев.

Претседателот на македонската Влада потенцираше дека деветте милијарди евра за целиот Западен Балкан се за поврзување на регионот, а не поединечно са државите сами по себе.

Проектите се подготвени, а нивната имплементацијата ќе биде во следните четири-пет години, што се поклопува со мандатот на Вархеји и мандатот на нашата Влада. Се надевам дека ќе имаме доста прилики за да ги пуштаме во употреба ваквите проекти заедно. Ќе ги оправдаме секако овие поддршки преку реформите кои ќе ги завршиме“, додаде Заев.