Лажниот принц од Црна Гора Стефан Чернетиќ. на својот фејзбук профил се пофали дека бил примен во Владата и објави фотографии од средбата со Заев , која била отварена на 11ти септември.
„Кралското семејство од Црна Гора и Македонија, принцот Стефан, принцезата Карола и синот принц Константин имаа чест да бидат официјално пречекани во владината палата во Скопје, Република Македонија од страна на премиерот Зоран Заев,“ пишува на својот фб профил самопрогласениот принц.
Од владата потврдија дека Заев навистина се сретнал со Чернетиќ, но дека средбата била од неофицијален каракер. Во рамки на неговите средби и контакти со заинтересирани граѓани.
Инаку во јуни минатата година италијанската полиција го уапси Чернетиќ за лажно претставување и фалсификат, а тој доби и посебни пријави за неговото возило, црн мерцедес кој секогаш бил накитен со знаменца на Црна Гора и лажни налепници на дипломатскиот кор.
Пред да го одликува премиерот Заев, тој делел ордени на моногу јавни личности. Пред него клечеше и плејбој зајачицата Памела Андерсон која му дозволи да ја прогласи за грофица
Comments are closed for this post.