Секој глас е важен и од круцијално значење за иднината на државата – еврокомесарот за проширување Јоханес Хан со порака до граѓаните на Македонија да излезат на гласање на 30ти септември.

„Секој граѓанин треба да го искористи своето демократко право, да учествува со гласање на референдумот. Како што знаеме од праксата на други референдуми, секој глас е важен и е од одлучувачко значење.“ – изјави Хан.

Според Хан, медиумите треба да покажат квалитет во известувањето во предреферендумската кампања. За граѓаните да донесат правилна одлука, вели дека клучот е во реалното информирање за договорот со Грција и последиците кои ги носи со него. Хан додава дека за членството во ЕУ се потребни слободни медиуми без притисоци и закани кон новинарите, а за тоа е потребно независно судство кое ќе ги штити.

„Мислам дека сите медиуми треба да точно да информираат за содржината на договорот и за последиците од гласањето, за да се зголеми јавната свест за важноста да се искористи демократското право на глас.“ – изјави Хан.

На денешната панел дискусија посветена на медиумите се обрати и премиерот Зоран Заев кој рече дека трендот на ширење дезинформации е најголем поткопувач на демократските и реформскитеп процеси. Порача дека земјите аспирантки за членство во ЕУ мораат да работат на унапредување на слободата на медиумите, но и на работничките права на медиумските работници