Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев денеска го прими поранешниот Претседател на Република Македонија, Бранко Црвенковски, кој на оваа средба дојде во својство на член на Подгоричкиот клуб на поранешни претседатели на држави и шефови на влади на земјите од регионот.
За време на средбата, поранешниот Претседател на државата Црвенковски го информираше премиерот Заев за иницијативата Подгоричкиот клуб да организира регионална конференција во Скопје на тема „Проширувањето на ЕУ на крстопат“ на почетокот на јуни оваа година.
Целта на оваа конференција, како што на средбата истакна Црвенковски, е да се поттикне и обезбеди поддршката за пристапување на земјите од Западен Балкан во ЕУ, со декларација која од конференцијата ќе им биде испратена на лидерите на Европската Унија со укажување на негативните последици на национално и регионално ниво што би произлегло од евентуалното одлагање на овој процес.
Comments are closed for this post.