Премиерот Зоран Заев беше расположен и насмеан на пречекот на трагично загинатите на патниците од „Беса транс“.Камерите го фатија тој како се смее по завршувањето на церемонијата.

Што ти е смешно бре…, прашува портпаролката на ВМРО-ДПМНЕ Марија Митева, но и целата македонска јавност, споделувајќи го видеото од Зоран Заев кој опуштено разговара и се смее на денешниот пречек на посмртните останки од загинатите македонски граѓани во несреќата во Бугарија.

Јавноста и претходно реагираше што церемонијата за пречекот на останките на меѓународниот скопски аеродром, на која присуствуваше целиот државен врв, се пренесуваше во живо како реално шоу.