Премиерот денеска на Фејсбук објави пост по повод Денот на Холокаустот и сеќавањето на еврејските жртви во Втората светска војна.

 

На овој ден, и на секој друг, да повторуваме „Никогаш да не се заборави, никогаш да не се повтори” и да ги чуваме спомените и на нашите 7.200 сограѓани кои од Скопје, Битола и Штип, во вагоните на смртта беа депортирани во Треблинка, во Полска-напиша Заев.

Но, премиерот во во објавата „заборави“  да напомене кој ги депортираше македонските Евреи во дворот на Тутунскиот комбинат во Скопје и оти тоа го направи тогашниот бугарски окупатор. Заев се плаши и да го спомене името „бугарски“ во ситуација кога од Борисов зависи дали ќе почнеме преговори со ЕУ.