Лидерот на СДСМ Зоран Заев упорно бара оставка од министерот за внатрешни работи Наќе Чулев поради литијата во Струга. Заев прашува како можело да се организира настан среде пандемија и без мерки за заштита?.

Од друга страна пак, Заев на лидерската средба и во интервјуа е упорен да се организираат избори што побргу, по можност уште на средината на јуни.

Граѓаните си го поставуваат прашањето како е можно Заев да бара одговорност за верски настан на кој учествуваат стотина граѓани а сака избори на кои во просек учествуваат еден милион гласачи.

Во ситуација кога бројот на заразени не само што не се намалува, туку имаме и неколку починати дневно Заев без нималку совет и одговорност бара избори.Но, нему ми е потребна единствено ниска излезност, бидејќи ретко кој од постарата популација би се појавил на гласачкото место каде има опасност да се зарази. Затоа пак, за сигурни гласачи ја смета партиската војска која ја згрижи во јавната администрација.

За да покаже дека сепак мисли на граѓаните, тој нуди за неколку часа да се зголемело времето за гласање, па дури и ќе обезбедел пенкала за секој граѓанин.

Дека тоа е невозможно да се направи знае и самиот Заев , бидејќи за било каква измена на начинот на гласање е потребна промена на Изборниот законик. Кое Собрание ќе ги изгласа промените на Изборниот законик ,а згора на тоа е потребна и согласност од опозицијата.

Јасно е дека Заев не ферма“ ни мислење од останатите лидери, ниту пак од здравствените експерти. За него е доволно да добие „амин“ од меѓународниот фактор кој му даде поддршка и за промена на името за да ги организира изборите среде пандемија, надевајќи се на нов мандат дури и без да ја добие поддршка од народот.