Реформската агенда се врати во Собранието, напиша премиерот Зоран заев на фејсбук.

Тој вели дека треба да се честита за одговорноста за двотретинско мнозинство пратеници, укажувајќи дека вчера се донесени измените во законите за јавно обвинителство, за кривична постапка и за судовите.

Со измените се зајакнува контролата врз полицијата, граѓаните се заштитени од неовластени ограничувања на правата, нема повеќе самоволно прислушкување. Граѓаните се побезбедни, полицијата работи во законски рамки со зајакната контрола. Ја ослободуваме ‘заробената држава’ од криминалните стеги во минатото, напиша премиерот.

Тој додава дека овие реформи произлегуваат од извештаите на групата на Прибе и на други меѓународни организации, и се суштински придонес во европската агенда на нашата земја во перидот на скрининг процесот на ЕУ до отворањата на поглавјата во јуни 2019 година.

Европски стандарди за европска Македонија, заклучува Заев.