Партиското „Кацарска судство“ и аболицираниот Зоран Заев ја уништија демократијата и правдата во Република Македонија. Криминалниот картел на власт преку партиското „Кацарска судство“ спроведува политички прогон во монтирани случаи против сите неистомисленици на Зоран Заев, соопштуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Во соопштението од партијата се наведува дека партиското и клиентелистичко „Кацарска судство“ без никакви докази и правни аргументи носи неиздржани пресуди кои се диктирани од единствениот аболициран политичар во Европа, Зоран Заев.

Почесниот претседател на ВМРО-ДПМНЕ и долгогодишен премиер, Никола Груевски е жртва на политичкиот прогон кој го спроведува криминалната власт против секој кој им се спротивставува во распродажбата на државните и националните интереси. „Кацарска судството“ го осуди Никола Груевски во политички монтиран процес без никакви докази во случај во кој што нема ништо спорно. Целиот случај е правен преседан бидејќи набавката на автомобилот е спроведена преку јавен тендер, а после изборот на компанијата која ќе го набави, немаше никакви забелешки. Не е остварена противправна имотна корист, не е нанесена штета, а автомобилот останува на Република Македонија, соопштуваат од партијата.

Од ВМРО-ДПМНЕ додаваат дека сето ова е политичка хајка против опозицијата и има цел на секаков можен начин да се уништи ВМРО-ДПМНЕ, за аболицираниот криминалец Зоран Заев да има слободен и чист терен додека ја ограбува државата и продава се што е македонско.

Зоран Заев преку партиското судство испраќа порака до сите политички неистомисленици дека никој не смее да му застане на патот во ограбувањето на државата и спроведувањето на капитулантскиот договор со кој го менува името и се откажува од идентитетот, јазикот, традицијата, историјата и културата на Република Македонија. Додека аболицираниот Заев зад затворени врати ја спроведува капитулацијата на Македонија, истовремено државата се повеќе тоне. Економијата е на дното, граѓаните се повеќе посиромашни, а од животот кој беше ветуван добивме само беда. Македонија повеќе не смее да биде заробена држава и заложник на аболициран криминалец. Се ближи денот кога Заев и СДСМ ќе се соочат со граѓаните и ќе одговараат за ограбувањето на државата и продажбата на државните и национални интереси. Заев и СДСМ ќе ги стигне казната од граѓаните за целото зло кое и го нанесуваат на Македонија. На крајот граѓаните и Македонија ќе победат, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.