-Сме правеле нарачки, ни помогна и „Пауер Чајна“, мајка-компанија на Синохидро. Таа е една од кандидатите за изградба на Чебрен, џиновска компанија во сопственост на Кина, истакна премиерот Зоран Заев.

Но, оваа негова изјава, како и низа други, се покажа дека не е вистинита.

Вчера беше обелоденет скандал кој покажа дека набавката на вакцини, Заев се обидел да ја направи преку фантом фирма.

Во новит текст насловен  како „Битка помеѓу Кина и Русија за Балканот. ЕУ е оставена надвор од геополитичката борба со вакцините, “Ла Верита” ги има доказите од контактите меѓу Македонија и Пекинг, кој ја напуштил зделката плашејќи се од измами”, весникот кажува дека Заев бил првично одбиен од Пекинг поради тоа што одел преку фирма посредник која била фантом компанија со нестабилни темели во Хонг Конг.