Локалните избори се поизвесно ќе донесат ново парламентарно мнозинство.Иако Заев се обидува да создаде впечаток дека тенкото мнозинство кое го има власта е стабилно јасно е дека коалицијата може да пукне по сите шавови а повод ќе биде Тетово. За партиите на Албанците е најважно кој го има Тетово и тоа на Заев му е соврешно јасно.

Како стојат работите во Тетово во моментов.

Клучот за градоначалничката фотелја во моментов е кај гласачите на ВМРО-ДПМНЕ и на Алијанса и Алтернатива кои не се за занемарување.

Tие задно тежат околу 10.000 гласови кои можат да бидат клучни кој ќе бид градоначалник. Најпрво Алијаса се изјасни дека би го подржале Kaсами, но откако Алијанса се спротистави најверојатно нема да поддржат ниту еден кандидат.

Заев пак вели дека ќе остави гласачите самите да одлучат кого ќе му го дадат гласот, но доколку остане на таков став тоа нема да му го прости поразениот, а како што стојат во моментов работите тоа ќе биде Беса.

Четирите пратеници на Беса може да бидат клучни доколку се гласа недоверба на владата и со тоа се формира ново парламентарно мнозинство. Тоа во превод значи пад на владата на Заев и без избори и таа нова влада би имала задача да ги подготви предвремените избори кои би се случиле најрано напролет.

А дека веќе се токми новото парламентарно мнозинство покажуваат средбите на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски со првите луѓе на Алијанса и Алтернатива Зијадин Села и Африм Гаши и најавата за поддршка секаде каде што имаат кандидати во вториот круг.

Од Алијанса за Албанците нагласуваат дека коалицијата со Алтернатива им е стабилна и заедно работата да создадат ново парламентрано мнозинство.

Централното претседателство едногласно ги назначи претседателот и потесното претседателство како одговорни за да ги продолжат преговорите со другите партии и пратеници на помалите партии коишто покажале спремност да бидат дел од новото парламентарно мнозинство, коешто мнозинство понатаму ќе го избере и новиот состав на Владата. Деталите од овие состаноци ќе бидат објавени во наредните денови, соопштија од АА