Сето тоа што сум го знаел, и сум го објавил на еден транспарентен начин, секојпат кажувајќи за сите детали, рече премиерот Зоран Заев одговарајќи на новинарско прашање за објавениот аудио разговор во врска со убиството на Мартин Нешковски.
Секогаш кога има пакет на разговори или „бомби“, подвлече, кажуваме само дел од разговорот, а постојат уште разговори поврзани околу одреден момент.
Ние поседуваме само една третина од тие разговори. Имајќи ја предвид динамиката по датумите кога тие се одвивале од целиот овој период 2008 до 2014 година верувам дека многу разговори постојат кои опозицијата некојпат ги поседувала, така да автентичноста се знае кој може да ја покрие, да ја потврди и треба да се каже дали е тоа тоа“, одговори премиерот Зоран Заев, кој денеска беше во посета на локалитетот Стоби.
Поранешниот премиер Никола Груевски кој доби политички азил во Унгарија вчера доцна синоќа преку фејсбук ги обвини Заев и СДСМ дека манипулирале со снимките од „бомбите“ за Мартин Нешковски, Никола Младенов и Смилковското езеро.
Во статусот Груевски се повикува на последната пуштена аудио снимка на кичевчанецот Ел Чека, за наводниот разговор меѓу него и тогашната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, a се однесува за убиството на Мартин Нешковски.
Монтираниот аудио материјал за убиството на Мартин Нешковски имаше цел да биде најемотивната ‘бомба’ чија ‘експлозија’ требаше да ги извади луѓето на улица, во шатори пред владата и да предизвика насилни протести со многу повредени полицајци, со цел кулминација на политичката криза која ја создаде“, порачува Груевски преку својот пост на Фејсбук.
СДСМ во 2015 та објавија извадок од разговорот, во траење од неколку минути, но, снимката објавена од Ел Чека трае над 12 минути и од неа, според Груевски се добива поинаков впечаток во врска со овој случај.
Comments are closed for this post.