Не е ништо направено без причина, не ни текнало нас седејќи во Владата ај ќе правиме софтвер, имало потреба за тоа, одговори Заев на дилемите во јавноста за софверот кој бил купен, иако за тоа, како што потврди за Плусинфо вчера Владата, допрва ќе се прават законски и подзаконски усогласувања во регулативата за да се стави во функција.

Софтверот за сообраќајни прекршоци е купен со причина, а тоа ќе го покажеме со документи, одговори  премиерот Зоран Заев на новинарско прашање во врска со набавката за потребите на МВР за сообраќајни прекршоци што ја купил Драги Рашковски во времето кога беше генерален секретар на владата, а што предизика многу реакции и сомнежи за јавната набавка затоа што таа и по осум месеци сè уште не е во употреба.

–  Не е ништо направено без причина, не ни текнало нас седејќи во Владата, ај ќе правиме софтвер – одговори Заев на дилемите во јавноста за софверот кој бил купен, иако за тоа, како што потврди за Плусинфо вчера Владата, допрва ќе се прават законски и подзаконски усогласувања во регулативата за да се стави во функција.

– Сите постапки што ги водиме се на една сметка. Тоа е сметката на генералниот секретаријат, нема друга сметка кај претседателот на владата. Со таа сметка работи и генералниот секретаријат, претседателот на владата, потпретседателите, има причинско правни последици зошто е тоа правено Нашето постоење е за асистенција на ресорните министерства – објасни Заев.

Премиерот се нафати, написмено да ја оправда набавката на софтверот за сообраќајни прекршоци.

– Со документи ќе ви покажеме зошто е набавен софтверот кој може да се употребува во МВР. Постои писмена комуникација помеѓу двете институции и генерален секретаријат и МВР, спроведен е тендер со проектирани осум милиони денари, падната е цената на пет милиони денари заради наддавањето, учествуваат компании кои се капацитетни и самиот софтвер има конечна цел употребна вредност на улиците – рече Заев и најави дека деновиве ќе ѝ ги кажат на јавноста сите причина за набавката.

Опозицијата вчера го обвини Драги Рашковски дека потрошил државни пари за софтвер кој не само што не е приоритет во време на пандемија, туку и не може да се користи, настрана што МВР постави камери на скопските сообраќајници уште во 2012 година преку проектот „Безбеден град“. Тогаш беа поставени стотина камери на најфрекфентните места, и на влезот и на излезот на Скопје. Целта беше да му озбезбедат на МВР поддршка за полесно справување со несреќите, за полесно да ги открие тие што ги прекршуват правилата, но и за анализа на густината на сообраќајот, па остана нејасно зошто е купен овој софтвер за собраќајни прекршоци.

ВМРО-ДПМНЕ вчера го повика Јавното обвинителство да го испита случајот за да се види како течел процесот на јавната набавка затоа што, станува збор за потрошени народни пари, 81.000 евра, среде пандемија.