Премиерот Зоран Заев денес ја посети опожарената локација околу езерото Младост и селото Отовица, во близина на Велес, денеска го посетија опожареното место при што упати порака дека нема да има толеранцја за тие што уништиле нешто шпто природата и луѓето го негувале со децении.
Во изјавата за медиумите, која следеше по обиколката и увидот на опожарената локација и во близина на езерото Младост, премиерот Заев рече дека се тажни сцените на теренот, и дека тој ја споделува тагата и загриженоста со граѓаните кои завчера за време огнената стихија беа соочени со опасноста да им бидат загрозени здравјето, животот, имотите, но и спомените.
„Сочувствувам со Велешани кои за неколку часа изгубија едно од нивните омилени излетнички и рекреативни места. Дотолку повеќе е поинтензивен и гневот што го чувствувам зашто во овој случај е сосема јасно дека ова се случи од човечка небрежност и неодговорност. Мојата порака кон сите кои имаат каква било идеја да потпалуваат и да горат човечки судбини, е дека ќе одговараат. Нема да има толеранција за оние кои уништиле нешто што природата и добронамерните луѓе го негувале со децении. Нула толеранција како лекција и како превенција за сите што си играат со огнот и со судбината на луѓето и на животната средина“, потенцираше премиерот Заев.
Тој упати посебна и голема благодарност до пожарникарите од Велес, како и на нивните колеги од Скопје, Кавадарци, Неготино, Гевгелија, Прилеп, Штип и Свети Николе, како и за припадниците на АРМ и на МВР за нивниот придонес, Дирекцијата за заштита и спасување, Центарот за управување со кризи, ЈП Македонски шуми, и особено за сите волонтери, кои десетици часови без да ги штедат своето здравје и животите, спречија поголема катастрофа.
Заев рече дека штетите и последиците се големи и долгорочни, и дека затоа сме должни да извлечеме и некои поуки.
„После вакви катастрофи, локалните самоуправи ќе мора да ги менуваат приоритетите. На врвот мора да бидат безбедноста и здравјето на граѓаните и животната средина…Ќе расте нов живот. Ќе живее Младост во Велес. Децениите за ревитализација ќе ги претвориме во години. Општина Велес, Владата и ЈП „Национални шуми” ќе спроведат брз и координиран план за масовно пошумување. Ќе спроведеме максимални напори за вонредно пошумување со адекватни видови садници, со што оваа територија ќе ја има повторно функцијата на шума“, истакна премиерот Заев.
Comments are closed for this post.