Граѓаните достоинствено гласаа и со својот глас покажаа дека нашата иднина е во НАТО и ЕУ. Одлуката што ја донессоа денеска не беше лесна, но таа мораше да биде донесена, изјави доцна вечерва премиерот Зоран Заев.

Прес-конференција после објавување на првичните неофицијални резултати од референдумот

Во живо: Прес-конференција после објавување на првичните неофицијални резултати од референдумот.

Posted by Zoran Zaev on Sunday, 30 September 2018

Тој им се заблагодари и на тие што гласаа „за“ и на тие што гласаа „против“.

„Одлучија оние што гласаа“, рече Заев.

Ги поздрави и членовите на ВМРо-ДПМНЕ кои денеска излегоа на гласање.

На референдумот денеска гласаа повеќе од 650 илјади граѓани, повеќе од 90 % избраа „За“ и порачаа дека Македонија треба да го прифати Договорот со Грција и да стане членка на НАТО и ЕУ, истакна премиерот.

Европска Македонија доби повеќе гласови За од кој било победник на било кои парламентарни избори, истакна премиерот во своето обраќање.

Дури и ако имаше цензус, овој резултат ќе значеше јасна определба. Народот направи многу важен избор, порача Заев.

Сега кога имаме мнозинска изразена волја за европска Македонија, време е пратениците да го следат гласот на мнозинството и да обезбедиме подобра иднина.

„Да не си играме играчки со Македонија“, заклучи премиерот.

Подобар договор според премиерот Заев со Грција не може да се направи и вели дека остануваат неколку денови за да се направат напори да се обезбеди двотретинско мнозинство, ако не ќе се оди на предвремени парламентарни избори.

На прашањето како ќе ги убеди пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, кои и покрај што излегоа на гласање велат дека нема да гласаат за уставни измени, Заев без конкретен одговор :

Ќе направиме обид во Парламентот и ќе знаеме.

Во однос на тоа дека не е исполнет цензусот и дека формално-правно овој референдум е неуспешен, прашан дали Заев ќе си поднесе оставка како што вети, одговори:

 Референдумскиот процес е успешен и немам намера да си поднесам оставка.