Казнивост на корупцијата е принципот од која нема да отстапиме, порача денес премиерот Зоран Заев на конференцијата „За општество ослободено од корупцијата“ што се одржа во организација на ЦИВИЛ и Зелена лупа.
Премиерот говорејќи за антикорупциските чекори на неговата влада, истакна дека заради транспарентност во постапките за јавни набавки се заштедени околу 100 милиони евра. Тој денес го претстави и владиниот нацрт-закон за спречување корупција и судир на интереси и при што рече дека во него се внесени препораките на Европската комисија, односно на Прибе, како и на ГРЕКО и оти тој сега освен што е даден на јавен увид во земјава, на стручна оценка е испратен и до Брисел.
Заев рече дека со новиот закон ќе се воведе транспарентна постапка за избор на претседател и на членови на Државната комисија за спречување корупција (ДКСК) и оти изборот ќе се врши јавно со интервјуа во Собранието, а сето тоа ќе биде пренесувано на Собранискиот канал.
Розета Трајан, експертка со големо искуство и генерален секретар на Секретаријатот на ДКСК рече дека за жал институцијата која ја претставува во изминатиов период била „само нем посматрач на настаните“.
Таа потенцираше дека Комисијата мора да биде независна, ослободена од влијанија, но и да биде под контрола за да нема корупција во нејизните редови.
Мирјана Најческа, експертка за човекови права и активистка, потенцираше дека е невозможно да се победи корупоцијата, туку треба да се стремине таа да е намали. Најческа подвлече дека „владеење на правото не значи само носење на закони“ и притоа истана дека таа е едн од тие што мислат дека треба да се донесе мораториум на носење нови закони и наместо да се трошпи енергија на тоа, да се фокусираме на спроведување на законите.
Конференцијата, која е поддржана од германското МНР, има цел да иницира создавање јавен простор во кој прашањата поврзани со корупцијата ќе се дискутираат во континуитет, со учество на пошироката јавност во интеракција со релевантни претставници на различните владини сектори, граѓански организации, институции и експерти, рече Џабир Дерала, претседател на ЦИВИЛ.
Comments are closed for this post.