Професорот Нано Ружин вели дека колку и да не сме свесни Македонија води иредентистичка политика во однос на Грција.

 Објаснувањето на Атина беше дека регионот кој се нарекува „Македонија“ го делат Грција, Република Македонија и Бугарија. Колку и да ни изгледа чудно, кога вие имате монопол над еден простор да се вика според  вашето име се наметнува иредентистичка амбиција иако за тоа не сме биле ни свесни и не ни паѓало на памет.