Во однос на најавите за бришење на зборот „бугарски“ каде што се споменува фашистички окупатор во учебниците и спомениците, Заев рече дека не треба да се поистоветуваат цели нации со фашистичкиот окупатор и оти ваквата најава е во духот на пријателството, добрососедство и еврпопските манири. Смета дека со ваквата најава не се меша во работата на Мешовитата македонско-бугарска комисија која, како што рече, се занимава со историските моменти од тоа време.

– Ние зборуваме за политичкиот дел на одлучувањето коештЗаев, додавајќи дека не смее цели нации да се обвинуваат за фашизам. 

Во гостување на анализа 24 на ТВ 24 премиерот оцени дека ние „со ништо не сме придонеле да провоцираме какво било непријателство или нефер однос кон Бугарија“. Пријателството било искрено кога е потпишан договорот во 2017, па и во следните години, но, вели, односот се сменил поради политичкиот притисок и тензичната политичка сцена во Бугарија.

 

– Не очекуваме дека ќе се смени нешто во октомври, бидејќи Бугарија се уште нема политичка влада. Дури и претседателот Радев оди на избори, но тоа не значи дека треба да престанеме да комуницираме, рече Заев.

Постојат, вели, луѓе, поединци кои настапувале со скриени агенди кон земјава, но наведе дека е среќен што бугарското Министерство за надворешни работи ги осуди територијалните претензии на бугарскиот европратеник во предизборната кампања.

-Тоа што сакам да го потенцирам е дека доминантно бугарскиот народ сака да биде пријател со македонскиот народ. Знаат дека тоа е добро и за Бугарија. Јас сум убеден дека проевропските манири и решенија ќе преовладаат и ќе градиме пријателство без да се чепкаат болните работи за народите од двете страни, истакна Заев.