На денешното рочиште за предметот “Таргет-тврдина“ како сведок се појави премиерот Зоран Заев кој сведочеше за периодот кога како лидер на опозицијата објавуваше т.н бомби.

Поранешната министерка Гордана Јанкуловска која го праша Заев дали имало дисконтинуитет во материјалите, односно дали има празнина во нивното доставување.

На тоа премиерот потврди дека поради тоа не објавил материјали што ги поседувал.

Конкретно не објавивме разговори за затворањето на А1 телевизија бидејќи имаше период кога не не беа доставувани материјали.Заклучивме дека не било возможно стопроцентно да се земат тие материјали и да се донесат во партијата-објасни Заев.