Од Владата се уште немаат излезено со коментар откако синоќа на „Јутуб“ се појави видео од руските комичари Владимир Кузнецов и Алексеј Столјаров во кое тие тврдат дека на телефон разговараат со македонскиот премиер Зоран Заев.

Владимир и Алексеј се т.н „Пранкери“, односно шегобијци кои си поигруваат со соговорниците. Досега на нивните шеги наседнале поранешниот британски министер за надворешни работи Борис Џонсон, Федерика Могерини, претседателот на Венецуела Мадуро и др.

Во разговорот кој е воден непосредно пред референдумот минатата година, комичарите се претставуваат дека се тогашниот претседател на Украина Петро Порошенко.

Тие со Заев разговараат речиси еден час за најразлични теми, од состојбата во Косово, спорот за името, референдумот, членството во НАТО наводната инвестиција на Порошенко во фабрика за чоколади…

Во еден од трите разговори лажниот Порошенко му објаснува на Заев  дека украински научници ја откриле неговата „гeнeтcкa врска“ со Александар Македонски.

Нашите научници ја открија мојата гeнeтcкa врска со него, затоа сега можам да се викаm Петро Македонски – му вели „Порошенко“ на Заев.

 

Сепак, најголемо внимание предизвика делот за Црквата каде „Порошенко“ му дава предлог како да се избори за Автокефалност на МПЦ.

Лажниот Порошенко го советува Заев да му даде пари на Вселенскиот патријарх Вартоломеј за нeзaвиcнocт на Македонската црква. Се спомнува сума од 100.000 евра.

Меѓутоа, морам да ви соопштам дека има еден ycлoв во мојот случај. Јас yплaтив пари лично на Вартоломеј“, му велат руските комичари, односно во случајов Порошнко на македонскиот премиер.

Заев на тоа вели дека нема да има никаков проблем.

Заев му го дава на „Порошенко бројот од Вес Мичел

Руските комичари во разговорот тврдат дека од Заев го побарале бројот од американскиот помошник државен секретар Вес Мичел. Заев почнува да го диктира бројот но тука снимката е пресечена за да не може сите да го слушнат бројот од Мичел.

Транскрипт од разговорот

Ве молам ако може да ми го дадете бројот на Вес, не го имам бројот или го имам погpeшниот

Заев: Вес Мичел?

„Порошенко”: Да

Заев: Сега, само 1 секунда +1… ете го мобилниот телефон.

„Порошенко”: Ок ти благодарам многу господине премиер, ви благодарам за овој разговор.